Три дози од вакцината на „Астра зенека“ се ефикасни против омикрон-варијантата на коронавирус, соопшти денеска фармацевтската компанија повикувајќи се на податоци од лабораториска студија на Универзитетот во Оксфорд.
Студијата, која допрва треба да биде објавена во медицинско списание, покажала дека нивоата на антитела против омикрон, по засилената доза, се значително повисоки отколку кај луѓето што биле подложени на Ковид-19, објави „Ројтерс“.
По три дози од оваа вакцина, нивото на неутрализирачки тела против омикрон-сојот е слично на она што се создава против делта-сојот по две дози, соопшти компанијата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.