Премиерлигашот Њукасл денеска го донесе првото засилување во зимскиот преоден рок, потпишувајќи двеипол годишен договор со десниот бек на англиската репрезентација Киеран Трипие.

Вредноста на трансферот на 31 – годишниот дефанзивец, кој доаѓа од редовите на Атлетико Мадрид, се проценува на 14 милиони евра.

Трипие беше член на мадридскиот клуб од 2019 година и во дресот на Атлетико одигра 86 натпревари на кои запиша 11 асистенции.

Негов тренер во новиот клуб ќе биде Еди Хоув, со кого англискиот репрезентативец соработуваше во времето кога двајцата беа дел од Барнли.

Њукасл е претпоследен на табелата во Премиер лигата, два бода под зоната која носи опстанок во англиското првенство, а по одиграните 19 кола, има само една победа.