Кошаркарските тимови на Куманово и МЗТ Скопје дадоа одличен вовед на 15.коло во Првата кошаркарска лига каде одиграа од првата минута крајно изедначен натпревар.

Ова беше дуел со бројни пресврт, наа крајот како победник излезе гостинската екипа, која славеше со 65-70.

Во тимот на Куманово според најефикасни беа Абром кој имаше 18, Зивчевиќ 16 поени.

Дејвис со 17 поени беше прв стрелец кај МЗТ Скопје, два помалку имаше Крстевски, Робев застана на 11 поени,

Домаќинот поведе со 4-0, но гостите вратија на 4-6. Куманово во овој дел на изедначена битка, како речиси во текот на целиот меч, имаше позитива од 14-10 и 18-14. Сследниот период му припадна на гостинскиот тим, па на одморот имаше негатива од еден поен 31-30.

МЗТ Скопје добро влезе во третиот период и  во три наврати водеше со плус пет (33-38, 35-40 и 37-42).

Зивчевиќ со серија на поени изедначи на 45-45, а потоа Настовски и Николиќ продолжија, па Куманово дојде на плсу пет 52-47. Милошевиќ и Дејвис намали на 52-51 на стартот на последниот период.

Абром беше еден од оние најрасположени кошаркари, заедно со Андрејевиќ зголемија на плус седум (58-51) по само две и пол минути игра. МЗТ Скопје беше далеку од нивото, на пет минути до крајот негативата беше двоцифрена (65-55) за Куманово, за потоа да тргнат работите во правец за гостинската екипа која на крајот триумфираше.