Хрватскиот фудбалски стратег на клупата на Верона, Игор Тудор, е позитивен на коронавирус и извесен период нема да биде со клубот, соопшти денеска италијанскиот прволигаш.

Верона во клупското соопштение нагласи дека Тудор е вакциниран со двојна доза против Ковид-19, додавајќи оти тој се чувствува добро и е во куќна изолација.

По стартните три порази во Серија А, Верона го ангажираше хрватскиот тренер и се искачи моментно на 10. место на табелата со четири победи, четири нерешени и само еден пораз под водство на Тудор.