Динамо Загреб ќе добие нов тренер откако Дамир Крзнар си поднесе оставка по поразот од 3-1 против Ријека.

Динамо Загреб со 1-3 загуби од Ријека и испадна од Купот на Хрватска.

Тренерот Дамир Крзнар додека даваше изјава за клупската телевизија во живо, соопшти и дека си поднесува оставка.

Привремен тренер на Динамо Загреб ќе биде Жељко Копиќ кој треба да ја заврши сезоната.

А во меѓувреме клубот ќе работи на ангажман на трајно решение кој треба да почне од наредната сезона.

Главен фаворит е словенечкиот селектор Матјаж Кек, втор кандидат е Анте Чачиќ кој е поранешен селектор на Хрватска, а како трет се посочува Роберт Просинечки.