666-ти ден од епидемијата во Македонија, сметано од првиот извештај на ИЈЗ Скопје до денес. Репродукцискиот број Rt веќе значително се искачи над единица (Rt = 1,17 ± 0,33) и растот на дневните броеви се забележува веќе и со голо око. Минимумот беше достигнат на 22.12.2021 и од тој ден започна постепениот раст на бројот на случаи (на дијаграмот на втората слика), стои во новата ковид анализа на проф.Дејан Трајковски.

-Очигледно е дека омикрон сојот е веќе меѓу нас и тивко се шири, но веќе за две недели растот може да стане експлозивен. Моментално не можеме да знаеме дали зголемената преносливост (Rt>1) се должи на значителната застапеност на омикрон сојот или на предновогодишните собири. Доколку не беа собирите во прашање, оваа преносливост веќе би укажувала на доминација на омикрон сојот. Но, ако не денеска, околу Василица речиси сигурно омикрон сојот ќе стане доминантен и ќе гледаме стрмо искачување на бројките. Сегашното групирање, претстојните дочеци и репризи на дочеците и зголемена преносливост на вирусите од делта сојот уште повеќе им помагаат на вирусите од омикрон сојот за позабрзано да се пренесуваат.
Во понеделник ќе видиме дали овие покачени броеви на нови случаи ќе се одразат и на бројот на хоспитализирани. Доколку стапката на хоспитализираност (процентот на хоспитализирани од бројот на активни случаи) се намали, тоа би значело дека омикрон сојот го зголемува своето учество, пишува Трајковски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.