Доналд Трамп упати предупредување до рускиот претседател Владимир Путин само неколку часа по преземањето на функцијата по неговата инаугурација.

Трамп рече дека Путин ја „уништува Русија“ и го повика да „склучи договор“ со Украина за да се стави крај на војната.

„Тој мора да постигне договор. Мислам дека ја уништува Русија со тоа што нема да постигне договор. Мислам дека Русија ќе биде во голема неволја. Тој работи напорно, но повеќето луѓе мислеа дека војната ќе трае една недела, а сега поминаа три години, нели“.

Трамп предупреди дека инфлацијата е голема закана за Русија и дека руската економија тоне.

Путин рече дека сака исход што ќе ја фаворизира Русија, но индицира подготвеност да разговара со Трамп.

Наскоро се очекува да има телефонски разговор меѓу двајцата лидери. Трамп најави и можност за средба со Путин, со кого вели дека имал „одлични односи“ за време на неговиот прв мандат.

Рускиот претседател изјави: „Отворени сме за дијалог со новата американска администрација за украинскиот конфликт. Најважно е да се елиминираат причините за кризата. Ќе се обидеме да го направиме тоа што е можно поскоро. Знаете, војната меѓу Русија и Украина никогаш не требаше да започне“.

Додека беше во Овалната соба, Трамп рече дека и Зеленски е подготвен за договор.

Трамп се пошегува и за неговото предизборно ветување дека ќе го прекине конфликтот за 24 часа: „Тоа е само половина ден“. Ја имам втората половина од денот. Ќе видиме“.

Путин, по повод инаугурацијата на Трамп, рече: „Гледаме изјави на новоизбраниот американски претседател и членовите на неговиот тим за желбата да се обноват директните контакти со Русија, кои не на наша вина беа прекинати од претходната администрација. Ги слушаме и неговите изјави за потребата да се направи се што е можно за да се спречи Трета светска војна. Се разбира, ја поздравуваме оваа позиција и му честитаме на новоизбраниот американски претседател за преземањето на функцијата“.

Текстот Трамп по преземањето на функцијата испрати предупредување до Путин: „Ја уништувате Русија“ е превземен од МАКФАКС.