Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за воена или економска акција како дел од неговата желба САД да ја вратат контролата врз Панамскиот канал и да го преземат Гренланд, најголемиот остров во светот, кој е под данска власт.

Запрашан на прес-конференција за избегнување употреба на воена или економска принуда во Панама и Гренланд, Трамп одговори: „Не, не можам да ве убедам во ниту едно од нив. Но, можам да го кажам ова, ни требаат за економската безбедност“.

Неочекуваната изјава на Трамп доаѓа две недели пред тој повторно да влезе во Белата куќа на 20 јануари. Трамп, исто така, најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американскиот залив и ги повтори своите ветувања дека ќе воведе тешки царини за Мексико и Канада.

„Зафаќа голема територија. Американски залив звучи убаво“, истакна тој.

Прес-конференцијата на Трамп, негова втора по победата на изборите на 5 ноември, се одржа ден откако Конгресот ја потврди неговата изборна победа.