Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја посети сојузната држава Северна Каролина погодена од зимското невреме, вети помош за настраданите и рече дека размислува за укинување на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА). Пристигнувајќи во Северна Каролина, неговото прво патување откако стана претседател, тој остро ја нападна ФЕМА за нејзиното делување откако ураганот Хелен ја погоди земјата.
Агенцијата во изминатите четири години ја раководеше администрацијата на поранешниот демократски американски претседател Бајден. На брифингот за напорите за закрепнување, републиканецот Трамп вети итно дека ќе и помогне на Северна Каролина да го добие она што и е потребно за обнова. Тој рече дека повеќе би сакал на поединечните држави да им бидат доделени федерални пари и тие самите да управуваат со катастрофи, наместо да зависат од ФЕМА за тоа.
Тој рече дека ќе потпише извршна наредба насочена кон решавање на тековните проблеми на ФЕМА. „Мислам дека ќе предложиме ФЕМА да исчезне“, рече тој. Трамп се пожали дека Бајден не направил доволно за да и помогне на Северна Каролина да се опорави од ураганот, обвинение што администрацијата на Бајден го отфрли како дезинформација.
Претседателот, исто така, остро го критикуваше одговорот на демократските претставници на шумските пожари во Лос Анџелес кои предизвикаа голема штета овој месец. Трамп треба да го посети Лос Анџелес подоцна, бидејќи три огромни шумски пожари продолжуваат да го загрозуваат регионот.
Текстот Трамп во Северна Каролина: Би ја укинал агенцијата за управување со вонредни состојби е превземен од МАКФАКС.