Јапонскиот автомобислки концерн „Тојота моторс“ има намера во своите автомобили да почне да користи високотехнолошки сончеви батерии и системи засновани на нив. Како што соопштија од компанијата, заедно со Националниот институт за напредни индустриски науки и технологија, ќе ги развиваат новите системи што во иднина ќе се користат во возилата.

Главна задача во овој поглед ќе биде да се зголеми ефикасноста на производството на енергија, истовремено намалувајќи ги трошоците за создавање вакви батерии и системи.

Тојота, исто така, си постави за цел до 2030 година да ја зголеми продажбата на своите електрични, хибридни и водородни автомобили до осум милиони единици годишно со напорите на властите и компаниите за активно намалување на емисиите на јаглерод.

Јапонската Влада минатиот октомври објави дека земјата треба да постигне нулта емисија на јаглерод-диоксид во индустријата до 2050 година. До 2030 година, се очекува таа да се намали за 46 отсто во споредба со нивото од 2013 година.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.