Рома стигна до триумф со 1-0. Мхитарјан одлично го проигра Абрахам, а напаѓачот прецизно пласираше и ја смести топката во мрежата.

Неколку минути подоцна, Ел Шарави беше соборен во шеснаесетникот и досуден пенал, но ВАР на момент откажа, па се чекаше пет минути за да се утврди дека Абрахам на почетокот од акцијата бил во милиметарски офсајд и одлуката на теренот да се поништи.

Торино во продолжението од мечот се обиде да стигне до изедначување, гостите имаа иницијатива, но Рома умешно се бранеше и стигна до трите бода на овој меч.