На прес-конференцијата покрај тренерот Веселин Вујовиќ во пресрет на мечот Вардар-ПИК Сегед, зборуваше и младиот голман Мартин Томовски.

„Имавме шанса да се радуваме на борови во Сегедин. Игравме добро, ама сопствените грешки нè чинеа пораз. Што се однесува за овој натпревар, не може да бидеме безгрешни, ама ќе се обидеме да ги сведеме на минимум. Ова е последен меч на домашен терен во Лигата на шампионите. Сакаме да се радуваме заедно со нашите навивачи, кои се надевам ќе ни дадат поддршка во голем број. Добрите партии се склоп на сите околности во клубот. Добро се чувствувам во Вардар, се трудам секогаш да дадам најдобро од себе, за мене и екипата. Сакам да помогнам и победуваме“, изјави голманот на Вардар.