Фудбалерот на Баерн Минхен и германски репрезентативец Томас Милер би можел да се пресели во Англија.

Њукасл и Евертон веќе пријавиле интерес за ангажман на 33 годишниот фудбалер.

Милер има уште 18 месеци од својот активен договор со „Баварците“, а Кристијан Фалк од „Билд“ ги потврди шпекулациите дека Њукасл и Евертон се загреани да го видат искусниот фудбалер во своите редови.

Германецот сета своја кариера ја помина во дресот на Баерн Минхен, всушност актуелнава сезона за него е веќе 14-та на сениорско ниво во баварскиот гигант.