Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов и официјално е нов член на полскиот прволигап Пјаст Гливице. Тој потпиша договор со новиот клуб до 2025 година, откако ја заврши одисејата во Ружомберок.

„Одлуката беше лесна. Доаѓањето тука е чекор напред за мене во кариерата. Пјаст е голем клуб, а полската Екстракласа е квалитетна лига и едвај чекам да стартувам во работа и да се наметнам. Се надевам дека ќе донесам нов квалитет во тимот со мојата игра“, изјави Костадинов.

Тој е веќе стандарден член на фудбалската репрезентација на Македонија, настапи и на Европското првенство каде се наметна со своите игри.