Францускиот ракометен репрезентативец Тимоти Н’гесан го продолжи договорот со европскиот првак Барселона до 2025 година.

Соработката беше продолжена за уште три сезони. Тој дојде во Барса од Шамбери во 2016 година.

Во дресот на Барселона ја освои титулата во Лигата на шампионите минатата сезона, има пет трофеи од Асобал лигата, пет титули од Купот на Кралот, шест од Супркупот на Шпанија, како и три титули од Супер Глоуб.

Левиот бек е дел од француската колонија во Барса, во која се уште и десните бекови Дика Мем и Мелвин Ричардсон, како и пивотот Лудовик Фабрегас.