Жителите на островите Самоа и Кирибати, кои се наоѓаат во Тихиот Океан, први ја дочекаа новата 2022 година, во 11 часот по средноевропско време.

Коралните острови Кирибати сочинуваат една република, сместена во централниот дел на Тихиот Океан, на околу 4.000 километри југозападно од Хаваите. Новата година во Кирибати ја слават жителите кои се среќаваат во традиционалните куќи „манеаба“ и излегуваат на улиците и прават здравици на полноќ.

Еден час подоцна, Новата година ќе пристигне во Нов Зеланд, а потоа и на Далечниот исток на Русија и Австралија.

Новогодишните прослави ширум светот во голема мера се откажани, бидејќи корона вирусот втора година по ред ги „затемнува“ прославите, но Австралија е решена да ужива во оваа ноќ, па дури има и сигнали дека Северна Кореја подготвува огномет.

Прикажи повеќе