30-годишен скопјанец бил тешко повреден откако вчера во него удрило возило, по што возачот го напуштил местото на настанот.

Како што информираат од полицијата несреќата се случила вчера во 20:20 часот на паркинг простор на улицата Џон Кенеди во Скопје

Пешакот, кој се здобил со тешки телесни повреди, бил однесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани повредите.

Според информациите од полицијата, веднаш по пријавата, на местото на несреќата пристигнала увидна екипа од СВР Скопје, која спровела увид и ги прибрала сите потребни податоци.

„Се преземаат сите мерки за идентификување и пронаоѓање на сторителот. Насочени сме кон откривање на идентитетот на возачот и ќе преземеме соодветни законски мерки“, велат од СВР Скопје.

Полицијата продолжува со истрагата за утврдување на сите околности на случајот.

Текстот Тешко повреден пешак на паркинг во Чаир, сторителот избегал од местото е превземен од МАКФАКС.