Во СВР Тетово вчера во 08.55 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на клучка Камењане, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.О.(20) од с.Пирок, тетовско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ш.О., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.