Немавме многу среќа во ждрепката. Македонските фудбалери како противник го добија европскиот првак.

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Во полуфиналниот натпревар на 24-ти март следната година Македонија ќе гостува во Италија.