Документарниот филм “Сѐ или ништо: Јувентус” откри нови пикантерии од минатата сезона на Бјанконера, вклучувајќи ги и одредените навики на Кристијано Роналдо. Со 36 години Кристијано продолжува да демонстрира завидната физичка форма, благодарејќи на дисциплината и навиките кои ги практикува од ден во ден.

Не е тајна дека потругалскиот ас се грижи за своето тело и својата фигура, а документарниот филм на Амазон, “Сѐ или ништо: Јувентус” сепак ги откри некои негови тајни за одличната физичка форма.

“Јас сум сам свој доктор, свој сопствен психички доктор и нутриционист. Ако ги правите вистинските работи ќе бидете подобри од другите”, рекол Роналдо.

Но, кои се тие “вистински работи” за кои зборува Кристијано Роналдо. Очигледно сончањето е многу важен дел.

“Се сончам 30 минути и знам дека ќе ми помогне. Сонцето е добро за моето тело. Но, да се сончам цел ден тоа би ми наштетило и би имал брчки. Наместо тоа, 30 минути поминати на сонце е многу добро за мене. Имам 36 години и сѐ уште сум тука”, рекол Роналдо.