Мировните преговори меѓу Русија и Украина ќе продолжат вечерва, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Помошникот на украинскиот претседател за Си-ен-ен го потврдил тоа.

„Сега е официјално. Втората рунда преговори меѓу Украина и окупаторот ќе се одржи денеска“, изјави тој.

Вчера украинскиот медиум „Зеркало недели“ објави дека втората рунда преговори ќе се одржи на 2 март, но немаше официјална потврда за ова од ниту еден член на преговарачките тимови од двете страни.

„Нашата делегација ќе биде подготвена да ги продолжи разговорите“, изјави претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Прикажи повеќе