Филип Талески беше меѓу клучните ракометари, како во нападот, така и во одбраната на денешниот дуел со Израел што македонската репрезентација го доби со 31-28.

„Мислам дека прво би кажал дека мораме побрзо да се враќаме назад, мислам дека тоа ни беше слаба точка на овој натпревар. Она што го анализиравме, се оствари, цело време натпреварот беше турбулентен. И во нападот имавме доста технички грешки, тоа треба да го намалиме на една или две по натпревар, но тоа се работите што треба да ги подготвиме. Добро сме спремни, можеме да трчиме, но таа навика за враќање назад треба да се подобри до стартот на ЕП“, изјави Талески.