Британскиот конзервативен пратеник Нил Периш е суспендиран од партијата по истрага за наводно гледање порнографија на мобилен телефон во просториите за дебата во Долниот дом на Парламентот.

Advertisements

Шеесет и петгодишниот пратеник сам се пријавил во парламентарната комисија задолжена за прашањата за однесување на пратеници, изјави портпаролот на шефот на ториевците во парламентот, Крис Хитон-Харис.

„Група конзервативци го суспендираа Париш додека се чекаат заклучоците од истрагата“.

Британската конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон отвори истрага во средата откако пратеник го обвини Париш дека гледал порнографска содржина во Парламентот. Париш тогаш не беше јавно именуван.

МИА

Прикажи повеќе