Ова се сликите кои доаѓаат од Буча, градот северозападно од Киев. Украибнски граѓани, убиени по улиците.. Жени, повозрасни граѓани, мажи и децат беа пронајдени убиени  како резултат на воената агресија на Кремљ, со врзани раце, изгорени, живи закопани и фрлени во бунари.

Очевидци велат дека руската војска пукала врз цивили, невооружени мажи и жени кои биле на улиците на Буча барајќи коридор за евакуација.

„Овие луѓе се убиени додека оделе, биле застрелани без причина. Во другата населба Стеколка е уште полошо. Тие пукаат без да прашаат.“

„Ми рекоа не викај или пукаме. Потоа побегнаа. Го застрелале момчето во нозе. Друг го погодија во глава“.

Властите соопштија дека повеќе од 410 тела биле пронајдени мртви, вклучително и 300 мештани во Бучас. Сличен масакр беше извршен и во Стеколка и во Ирпин. Жителите побарале помош од властите за да го докажат тоа што го виделе со свои очи, додека градоначалникот изјавил дека таква акција не направиле ниту терористите на ИСИС на Блискиот исток. /Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе