Од 05  април 2023,започна изборен процес за  избор  делегати, претседател и работни тела на Стоматолошка комора на Македонија. Од самиот почеток стоматолозите се пожалија на нетранспарентност, самоволие, низа неправилности и прекршување на повеќе процедури кој ќе го направат изборот нелегитимен и оспорлив. Актуелниот претседател на комората Маријан Денкоски, кој повеќе години во континуитет е дел од комората и кандидат за повторен избор, во март месец си донел нов Статут на комората, по негов терк кој е дискриминирачки по повеќе основи за многу стоматолози. Исклучени од комората се сите кои сакаат искрено да работат и придонесуваат за фелата, од причина што се неистомисленици на актуелниот претседател на комората,а избирачките списоци се преполовени со што им е одземено правото на глас на  многу членови. Централната изборна комисија на Стоматолошката комора која го спроведува изборниот процес во моментов носи решенија кои се спротивни на актите на комората, на штета на демократски изразената воља на гласачите. Таков е примерот во Тетово, каде се бираат 5 делегати од тој регион. Последното петто место го делат два делегати со ист број на гласови 35. По правило влегува оној кој од двајцата има подолг стаж. Истиот тој поднесува оставка и наместо да влезе вториот кој има ист број гласови 35, ЦИК на СКМ од само за нив познати причини  носи одлука да влезе следниот делегат со само 21 глас. Вакви слични ситуации има и во други региони. Воедно на web страната на комората се објавени официјални резултати од изборите, каде во регионот Куманово на избори излегле 48 гласачи, а за  Денковски кој воедно е и актуелен претседател гласале 55!? За сите овие нерегуларности во текот на целиот изборен процес поднесени се преставки  од страна на стоматолози до Управниот суд. Од друга страна, изминативе години , во повеќе наврати, дел од здруженијата на приватни стоматолози, ја запознаа јавноста, за злоупотреби од страна на актуелното раководство и претседателот на комората, во делот на јавните овластувања и злоупотреба на службена положба, во делот на континуирана едукација во стоматологијата и организирање на настани од неакредитирани здруженија, ред други малверзации во работењето, како и судир на интереси на актуелниот претседател на комората, за што ДКСК има два предмети и на својата 82 седница одржана  на 14.02.2023 го повикува Министерството за здравство и ДСЗИ, да реагира и да даде одговор за претставката поднесена до нив. Актуелен претседател на комората и кандидат за следен мандат, заедно со централната изборна комисија продолжуваат и во следните фази на изборниот процес да спроведуваат нетранспарентни избори спротивни на демократските  принципи.

Стоматолозите и дел од стоматолошките здруженија бараат активно вклучување на медиумите, како и надлежните институции, за да се стави крај на злоупотребите и нерегуларностите, како и да се спречи изборен фалсификат од кој ќе произлезе нелигитимен претседател и раководство на Стоматолошката комора.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.