Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјави дека Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје.

Тој потсети дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата врз Украина и оти таквиот потег би бил воено злосторство.

“Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за лаборатории за хемиско и биолошко оружје. Сега кога се изнесени овие лажни тврдења, мора да бидеме внимателни бидејќи е можно Русија да планира операции со хемиско оружје под превезот на овие измислици и лаги. Тоа би било воено злосторство, рече Столтенберг за „Велт ам Зонтаг“.

Тој додаде дека иако украинскиот народ досега храбро се спротивставува на руската инвазија, следните денови најверојатно ќе донесат уште поголеми неволји.

Прикажи повеќе