Македонскиот фудбалски репрезентативен голман Столе Димитриевски има неверојатна сезона во дресот на Рајо Валјекано.

Малиот тим од предградието на Мадрид моментално се наоѓа на 4.место на табелата во Ла Лига, а меѓу најзаслужните за добрите резултати секако е Димитриевски.

Според англискиот весник „Сан“, нашиот репрезентативец е на 4.место на најдобри голмани оваа сезона во најдобрите пет европски лиги. Оваа топ-листа е направено по методот, „шутеви во рамки на гол, минус примени голови“.

Па според тоа, најдобар голман во Европа е Давид де Геа, кој има +7,6. Тоа значи дека оваа полусезона Шпанецот спасил 7,6 голови. Втор е Жосе Са од Вулверхемптон, трет е Мануел Рајман од Бохум, а по него следува Димитриевски со 5,9 спасени голови.