„Честитки до Словенија за победа и добрата игра. Не одиграа најдобри ги натеравме да играат така бидејќи се подготвивме за нив. Немавме искуство, невме среќа за да победиме или да освоиме бод. Се надевам дека вака ќе играме и на следните средби, со помалку грешки“, изјави Столе Стоилов.

Искусниот пикер го искоментира моментот кога дознале за повредата на Лазаров, вели дека веќе долго време се подготвуваат за ерата после најдобриот македонски ракометар. Задоволен е од она што се работи и верува во многу добри денови.

„Не беше страшно, Киро не ги играше пријателските натпревари, се навикнавме без него, момците видоа дека можат без него, не не изнендија, некои грешки од неискуство, избрзавме во одредени моменти. Видовме дека можеме, има промена на генерации, репрезентацијата оди во вистински правец останува да ги намалиме грешки“, додаде Столе