На еден час пред почетокот на натпреварот против Црна Гора, лоши вести од таборот на ракометната репрезентација на Македонија.

Пикерот Стојанче Стоилов нема да може да настапи на натпреварот кој започнува во 18 часот бидејќи е позитивен на коронавирус.

„Денеска за жал ќе играме без Стојанче Стоилов, кој на последното тестирање доби позитивен тест на Ковид-19. Се надеваме Столе како еден од лидерите ќе биде во можност да се врати во составот за скоро време“, објави РФМ.

Ова е втор голем пех за репрезентацијата на Македонија, бидејќи непосредно пред дуелот од првото коло со Словенија, „црвено-жолтите“ останаа и без Кирил Лазаров кој заработи повреда на потколеницата и ќе има само селекторска улога на ЕП.