Гривчева – Старделова изборите за прв човек на Лекарската комора ќе ги држи кај неа во канцеларија?!

Изборите за ново раководство во Лекарската комора минуваат како што минуваше и мандатот на актуелната претседателка Калина Старделова – Гривчева, со малверзации, обвинуваат лекарите.

Во изјава за Република, лекар, член на Комората вели дека изборите, за кои не е наведено кога ќе се одржат, ниту датум ниту час, во Центар, ќе се одржат ни повеќе ни помалку во просториите на Клиниката за гастроентерохепатологија, каде што директор е Калина Старделова – Гривчева, која е и актуелна претседателка на Лекарската комора и кандидат за уште еден мандат.

Злоупотреби, проневери, затајувања, незаконско работење, ова беше начин на кој работеше претседателката Старделова – Гривчева, а воедно и директор на Клиниката за гастроентерехепатолгија. Иако беше донесена одлука од Антикорупциска да остави една од функциите бидејќи има судир на интереси или претседателот на Лекарската комора ја оценува работата на директорите во јавните здравствени установи. Ако не и пречеше да го крши законот или да не почитува правни норми зошто тоа и во овој случај да не се повтори, револтирано реагира нашиот соговорник.

Додека ништо не поминува кај актуелната претседателка на Лекарската комора, здравствената фела, лекарите стравуваат дека и изборот на ново раководство на ЛКМ ќе помине зад затворени врати и крајно нетраспарентно. Коментарите одат дотаму дека изборите би се одржале во канцеларијата на Старделова – Гривчева и оти таа дури и се обидува да ги намести.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.