На Новак Ѓоковиќ не му беше дозволен влез во Австралија по слетувањето во Мелбурн, каде треба да настапи на првиот овосезонски Грен слем.

Првиот светски тенисер, инаку гласен противник на вакцинацијата против ковид-19, доби изземање од австралиските власти од строгите епидемиолошки правила и можеше да аплицира за виза. Но, неговите луѓе погрешно ги пополниле формуларите, па Ѓоковиќ е задржан на аеродромот во Викторија. Граничните полицајци му го одзедоа мобилниот телефон и му го ограничиле движењето, а таткото на Ѓоковиќ, Срѓан рекол дека го третираат како криминалец.

„Немам поим што се случува, го држат мојот син во заробеништво пет часа. Ова е борба за слободен свет. Ова не е борба само за Новак, туку борба за целиот свет. Целиот свет мора да се побуни против стоката. Ако не го пуштат за половина час ќе се собереме на улица, ова е борба за сите“, изјави таткото на Ѓоковиќ.

Австралија опен започнува во понеделник на 17 јануари, а титулата ја брани токму Новак Ѓоковиќ.