Епидемиологот Радмило Петровиќ изјави дека новиот сој на коронавирусот нема да не заобиколи.

Ќе ни дојде сојот Омикрон. Ќе дојде сигурно, нема шанси да го избегнеме. Добро е што новиот вид е помалку агресивен… Помалку ги напаѓа белите дробови, повеќе се задржува на грлото…“ , изјави Петровиќ за ТВ Прва.

Тој посочи дека постои можност примероците да не се земени од вистинското место и затоа во Србија се уште не е откриен сојот омикрон.

Петровиќ предупреди дека бројот на новозаразени се заканува да скокне во јануари.

Не чека нагло зголемување на бројот на заразени… Сега ни доаѓа неповолен момент, а тоа се верски празници, распространети во текот на една недела. Имаме пред се Нова година, па Божиќ, па стара Нова година. Имаме празник од седум до 10 дена што ги зближува луѓето и ја зголемува шансата за поголем пренос. Кој ја чека Новата година, нека биде подготвен дека Божиќ ќе го чека во ковид болница… Пречекот трае неколку часа без маски… Со маски не може да се пие и да се јаде“, рече епидемилогот.

Зборувајќи за мерките, тој смета дека основна мерка би била вакцинацијата. Петровиќ истакна дека вакцината секако штити од коронавирусот, бидејќи се работи за истата инфекција.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.