Кошаркарската репрезентација на Србија неочекувано зауби на гостувањето кај Белгија со 73:69 во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година.

Србите добро го почнаа мечот и по првата четвртина водеа со 21:13, а веќе во вториот квартал стигнаа и до водство од 36:22.

Гостите на полувреме водеа со 12 разлика (41:29). Србите и во третата четвртина постојано имаа контрола на резултатот и во пресрет на последните 10 минути влегоа со предност од 63:54.

Кога се очекуваше фаворитот рутински да ја одработи последната четвртина, се случи чудо. Со серија од 12:2, Белгија успеа да поведе со 66:65, а потоа во драматична завршница, при нерешен резултат 69:69, домаќините постигнаа тројка и тоа беше потврда за големиот пресврт.

Србите во последната четвртина дадоа само шест поени, а примија дури 19 поени. Белгија стигна до втората победа во групата и има 4 бода, Србија е втора со 3 бода, а вечерва играат Летонија и Словачка кои имаат по еден бод.