Србија денеска го отвори кластерот број 4 на меѓувладината конференција со ЕУ. Кластерот број 4 се однесува на Зелената агенда и одржливото поврзување и се состои од четири преговарачки поглавја( транспортна политика, Енергетика, Транс-европска мрежа и Животна средина и климатски промени).

Државниот секретар во словенечкото министерство за надворешни работи, Гаспер Довжан нагласи дека истовременото отворање на четири преговарачки поглавја носи поголема динамика во пристапните преговори.

Tој меѓу другото порача дека за Србија е клучно да има конструктивна улога во дијалогот со Косово, што ќе го одреди темпото на преговорите за членство.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји рече дека состанокот праќа силна порака дека ЕУ е посветена на интеграцијата на Србија во Унијата.

Прикажи повеќе