Престижниот спортски портал „Goal.com“ го претстави рангирањето на најдобрите фудбалери за 2021 година.

Според резултатите од гласањето, во кое учествуваа повеќе од 14 милиони луѓе, првото место го зазеде напаѓачот на ПСЖ и аргентинската репрезентација Лионел Меси. Тој има 24 гласа повеќе од напаѓачот на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо. Трет беше напаѓачот на „Баварија“ и полската репрезентација Роберт Левандовски.

Оваа година, рангирањето беше врз основа на гласање во кое читателите на Goal.com избираа помеѓу двајца играчи. Во пресметката Меси – Роналдо, Португалецот долго време беше во водство, но Аргентинецот победи со блага предност, освојувајќи 50,1% од гласовите.
Меси го надмина и Левандовски, добивајќи 53,3% од гласовите наспроти 46,7% на Полјакот.

Топ 10 најдобри играчи за 2021 година според читателите на „Goal.com“:

Лионел Меси
2. Кристијано Роналдо
3. Роберт Левандовски
4. Мохамед Салах (Ливерпул/Египет)
5. Килијан Мбапе (ПСЖ/Франција)
6. Ерлинг Холанд (Борусија/Норвешка)
7. Карим Бензема (Реал/Франција)
8. Нголо Канте (Челзи/Франција)
9. Кевин де Брујн (Манчестер сити/Белгија)
10. Нејмар (ПСЖ/Бразил). (МИА)