Австралискиот портал „The Age“ јавува дека австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок, најверојатно денеска (петок) ќе донесе одлука за евентуалната депортација на Новак Ѓоковиќ.

Новинарите кои внимателно ги следеа настаните за статусот на првиот светски тенисер во Австралија, Пол Сакал и Ентони Галовеј, изјавија, повикувајќи се на извор од Либералната партија, кој сакаше да остане анонимен, дека владата е силно склона да ги укине визите за Српски играчи.

Ѓоковиќ, кој ја брани титулата на првиот Грен слем турнир во сезоната, планира да поднесе жалба до судот доколку министерот одлучи да му ја одземе визата.

Доколку одлуката на Хок беше објавена подоцна во петокот, тоа значително ќе го скрати времето за Ѓоковиќ и неговиот правен тим да одат на суд за да спречат депортација.

Доколку случајот дојде на суд, правниот тим на 20-кратниот победник на Грен слем се надева дека рочиштето би можело да се одржи во текот на викендот и да заврши во недела, што ќе му овозможи да го одигра првиот меч на Австралија Опен против сонародникот Миомир Кечмановиќ.

Ѓоковиќ како што знаеме е прв носител и ја брани титулата, а во пресрет на одлуката во петокот наутро по локално време одработи тренинг во Мелбурн.

– Да потсетиме, Австралија како држава сепак може да го депортира српскиот тенисер со одземање на визата, а се очекуваше тоа да се случи во четврток. Поради тоа, Tennis Australia мораше да ја одложи ждрепката за Австралија Опен, која доцнеше еден час, а сега откако се извлечени паровите од првото коло, сагата се уште не е завршена.

Турнирот започнува во понеделник на 17 јануари.

Останува денес да видиме каква судбина ќе има српскиот „Ас“..