Елиф Елмас е во центарот на вниманието откако синоќа го реши големото дерби меѓу Милан и Наполи.

Во третата година од својот престој во Наполи, Елмас ја игра својата најдобра сезона. Младиот македонски фудбалер напредува, созрева и почнува да блеска во сиот свој потенцијал.

Големи заслуги за тоа има и тренерот Лучијано Спалети кој има голема доверба во Елмас.

По вчерашниот меч против Милан, Спалети го испофали Елмас.

„Елмас е играч кој може сè да направи, тој веќе е шампион“, рече Спалети, а изјавата во пост на социјалните мрежи ја пренесе „Газета дело Спорт“.