Махатма Ганди е познат по многу животни мудрости, а неговите зборови на многумина им послужија како инспирација во моменти кога не им оди баш најдобро во животот!

Една од неговите, дефинитивно, најважни пораки е дека среќата и судбината зависат од нашите мисли, зборови и дела. Сè започнува со мислите, а завршува со судбината според Ганди!

Ваш е изборот дали ќе биде добро или лошо…

Овие зборови на Махатма Ганди секако можат да ве мотивираат да направите позитивна промена во вашиот живот:

Вашето верување станува ваша мисла.
Вашите мисли стануваат ваши зборови.
Вашите зборови стануваат ваши дела.
Вашите постапки стануваат ваши навики.
Вашите навики стануваат ваш карактер.
Вашиот карактер станува ваша судбина.