Директорката на Клиниката, проф. д-р Аспазија Софијанова, во вестите на ТВ24 откри дека пред 10 дена шестмесечно доенче било најмладиот пациент досега регистриран како ковид-позитивен.

Доенчето било доведено во исклучително тешка состојба, а ковидот бил откриен при испочитување на протоколите и направениот ПЦР-тест.

„По сите протоколи заврши на механичка вентилација. Имавме потреба од хируршка интервенција, но веќе е дома. Бидејќи ние се испитуваме, го утврдивме тоа. Го склопивме тимот, детето сега е негативно и е дома. Дури и на механичка вентилација, успеавме да го спасиме“, рече Софијанова.

Бебето имало откажување на дишните патишта, а директорката вели дека најверопјатно се работи за делта-сојот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.