После мечот менаџерот Солскјер ја презеде вината за поразот. Тој призна дека погрешил со одлуката да го стави во тимот Хари Мегваер, кој не е во оптимална кондиција после повредата.

„Јас сум тој што ги носи одлуките за тимот што ќе игра, денеска Мегваер не беше на посакуваното ниво, па изледа дека згрешив што почнавме со него. Кога ќе примите четири гола, очигледно е дека донесов лоша и погрешна одлука. Во последно време не сме во посакувана форма, загубивме премногу бодови и мора да направиме анализа“, истакна Солскјер.

„Кога ќе го погледнете реално натперварот, примивме четири многу лоши голови, со наши лоши реакции. Со начинот на кој игравме, не заслуживме да ја продолжиме рекордната серија на гостински терен која завршува на 29 натпревари“, додаде Норвежанецот.