Уште еден рецепт кој задолжително мора да го пробаат љубителите на ручек со компир – полнети компири на 4 начини.

Кога немате идеја што да зготвите, а сакате нешто вкусно со што ќе ги изненадите најблиските, овој рецепт нема да ве разочара вам, ниту оние кои ќе го пробаат ручекот.

Подгответе 4 различни филови, или одберете еден омилен од оние во продолжение и наполнете ја кората на компирите, испечете ги и уживајте во неодоливо задоволство.

Компири на 4 начини – викенд ручек од кој сите ќе бараат уште…

Потребни состојки
Прв начин:

2 голем компири
4 парчиња салама
150g кашкавал, рендан
100ml павлака за готвење
¼ лажица морско оревче
½ лажица сол
½ лажица бибер
Зеленило за сервирање
Втор начин:

2 големи компири
2 парчиња пилешки гради, сварени и ситно сечкани
100g чедар кашкавал, рендан
50g моцарела сирење
2 лажици чили сос (или некој мексикански лут сос)
100ml кисела павлака
½ лажица сол
Зеленило за сервирање
Трет начин:

2 големи компири
10 парчиња сланина, сечкана и пропржена
4 колбаси, зготвени и исечкани
10 парчиња кулен, сечкани
100ml кисела павлака
100g чедар кашкавал, рендан
50g моцарела сирење
½ лажица сол
½ лажица бибер
Зеленило за сервирање
Четврти начин:

2 големи компири
250g печурки, сечкани и пржени на путер
250g спанаќ
1 чешне лук, ситно сечкан
100ml павлака за готвење
100g чедар кашкавал, рендан
50g моцарела сирење, рендано
½ лажица сол
½ лажица бибер
Зеленило за сервирање
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180⁰C. Исечете ги компирите на половина по должина. Извадете ја средината од компирот и ставете ја во сад. Корите о д компирите наредете ги во плех со масло и печете ги 15 минути.

Зависно од полнењето кое сакате да го направите, мешајте ја средината на компирот со состојките за секој фил посебно и наполнете ги компирите, па повторно ставете да се печат додека не се стопат состојките и не добијат убава боја.