Шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) на вчерашниот прв ден од Самитот, кој главно беше посветен на Украина, меѓу другото, го увоија и заклучокот за договорот меѓу Белград и Приштина постигнат на 18 март во Охрид со посредство на Унијата.

Во усвоениот заклучок, Советот на ЕУ ги повикува двете страни брзо и со добра волја да ги спроведат своите обврски предвидени во анексот на договорот за нормализација.

„Европскиот совет го поздравува постигнатиот договор во дијалогот со посредство на ЕУ за анексот на договорот за спроведување на патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и ги повикува двете страни да ги спроведат своите обврски брзо и со добра волја“, стои во заклучокот донесен од претседателите и премиерите на европските земји на крајот од првиот ден од самитот.

Прикажи повеќе