Четири лица се повредени кога напаѓач од снајперско гнездо во зграда во близина на елитно училиште во Вашингтон, почнал да стрела кон случајните минувачи. Ројтерс пренесува дека сторителот се самоубил кога пристигнала полицијата.

Advertisements

Полицијата тврди дека идентитетот на осомничениот Рејмонд Спенсер (23) од предградието на Ферфакс во Вирџинија бил откриен преку видео што го објавил на социјалните мрежи, а на кое се гледа како истрелите доаѓаат од прозорецот на горните катови на зградата.

Шефот на полицијата во Вашингтон, Роберт Конти, на прес-конференција изјави дека видеото „изгледа прилично автентично“, но тој не е сигурен дали видеото е објавено во реално време или е објавено откако е снимено.

Полицијата објави билтен со фотографии од Спенсер неколку часа по самиот настан и го навела како „лице од интерес“ во истрагата.

Пукањето и ловот на сторителот парализираше дел од елитната населба Ван Нес во северозападниот дел на Вашингтон во близина на приватното училиште Едмунд Бурк, каде наставата била прекината.

Движењето околу училиштето и другите институции во областа било блокирано од полицијата.

Со помош на извештаи од очевидци, полицијата успешно ја пронашла позицијата од која пукал насилникот, петтиот кат од „одредена станбена зграда“ и се пробила до локацијата каде што осомничениот си го одзел животот.

Полицијата запленила неколку парчиња од неговото огнено оружје, вклучително и неколку пушки и големо количество муниција, во стан украсен „типично за снајперист“ заедно со држач за оружје со три краци, соопштила полицијата.