Едноставен и лесен рецепт за колач кој е сочен и чоколаден, со сигурност ќе ви се допадне.

Потребно е само да ја ги промешате сите состојки, да ја ставите смесата во тава и за помалку од половина час ќе има вкусен колач.

Состојки: 1 јајце, 70 гр. шеќер, 60 мл млеко, 30 гр путер, 40 гр брашно, 5 гр прашок за пециво, 25 гр какао во прав, 80 мл млеко за преливање, 150 гр чоколадо, 150 мл слатка павлака.

Подготовка: Изматете ги јајцата со шеќерот и млекото. Додадете го истопениот путер и промешајте. Потоа брашното и пецивото и мешајте додека смесата стане без грутки. Намрсете ја тавата, па истурете ја смесата и покријте ја тавата.

Пржете на тивок оган 8-10 минути. Тестото потоа издупчете го со чепкалка за заби или вилушка, па истурете го млекото. Стопеното чоколадо помешјате го со слатката павлака, премачкајте го колачот. Оставете да се излади, па потоа исечете.