Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, соопшти дека резултатот од брзиот тест покажал инфекција со коронавирус.

Во Словенија се регистрирани 5 076 новозаразени со коронавирус, по извршени 1 566 ПЦР тестови и 52 036 брзи антигенски тестови.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ), во Словенија во моментов има 173 862 активни инфекции, што е за 12 387 случаи помалку од вчера.

Седумдневниот просек на потврдени случаи моментално е 9 862, што е за 2 710 помалку од претходниот ден, а бројот на потврдени случаи во последните 14 дена на 100 000 жители е 8 239, што е за 588 помалку од претходниот ден.

Прикажи повеќе