Фудбалерката на ПСЖ и на француската репрезентација Амината Диало е притворена поради вмешаност во напад врз клупска колешка, објавија денеска француските медиуми.

Весникот Л Екип објави дека Диало (26) е осомничена дека го организирала физичкиот напад врз клупската и репрезентативна колешка Кеира Хамрауи што се случил на 4 ноември.

Хамрауи и Диало се наоѓале во исто возило, кога двајца маскирани мажи ја извлекле од автомобилот Хамрауи, удирајќи ја притоа со железна прачка по нозете.

Инцидентот го потврди и ПСЖ, но засега не е познат поводот за нападот.

Во вторникот вечерта Диало беше во составот на ПСЖ во победата од 4-0 над Реал Мадрид во Лигата на шампиони, додека Хамраоуи, која игра на истата позиција, не беше во составот.