Скијачката Корин Сутер од Швајцарија, е добитничка на златниот медал во спуст, во рамките на Зимските олимписки игри во Пекинг. Сутер заврши со време од 1 минута, 31 секунда и 87 стотинки, оставајќи ја зад себе Италијанката Софија Гоџа, која пред неколку недели имаше тешка повреда на коленото.На пиедесталот се искачи и другата Италијанка, Надја Делгадо.
Норвешката репрезентација со време од 1 час, 19 минути и 50 секунди успеа да триумфира во биатлон трката – 4 пати по 7,5 километри. Норвешка дојде до голема разлика во последната смена, кога Русија згреши. Репрезентацијата на Франција заврши на второто место, додека третото место и припадна на Русија. За норвешкиот скијач Тингес Бо ова е трет златен медал во Пекинг.
Су Имин од Кина и Ани Гисер од Австрија ги освоија златните олимписки медали во сноуборд во дисциплината биг ер. Имин златото го освои со 182,50 поена. За него, оваа е втор медал на Игрите во Пекинг.
Среброто му припадна на Монс Рјсланд од Норвешка, а бронзата ја освои Макр Паро од Канада.
Во женска конкуренција Гаср ја одбрани титулата. Во финалето Австријката освои 185,50 поени. Среброто заврши кај Зои Садовски-Синот од Нов Зеланд. Садовски-Синот претходно на Нов Зеланд му го донесе првото злато во историјата. Таа победи во дисциплината слопстајл. /Алсат.мк
Махир Тачи