Манекенката Кејт Мос сведочеше во корист на своето поранешно момче Џони Деп на судењето на неговата сега веќе поранешна сопруга Амбер Херд, а во таа прилика јавноста забележа една работа, а тоа е дека нејзиниот изглед е многу променет.

Кејт Мос, големата љубов на актерот Џони Деп, реши да сведочи во негова корист.

Прво, поранешната сопруга на Џони Деп упати обвиненија против него, дека еднаш ја турнал својата девојка Кејт Мос по скалите, што манекенката го негираше.

„Не, никогаш не ме турнал, ниту ме удрил. Ја напуштивме собата. Тој излезе пред мене. Имаше бура, а додека ја напуштав собата се лизнав и паднав по скалите. Го повредив грбот и почнав да врескам бидејќи бев многу исплашена. Истрча до мене, ме однесе во собата и ми помогна – изјавила Кејт.

Но, покрај сведочењето, вниманието на јавноста го привлече и нејзиниот изглед. Имено, Кејт многу се променила, што, како што пишуваат медиумите, е последица на нејзиниот турбулентен живот, но и на естетските зафати кои ги правела на лицето во последните неколку години.

Многумина и понатаму веруваат дека таа и понатаму е една од најпосакуваните жени на светот, но многумина ја критикуваа и затоа што, како што велат, „го сменила личниот опис“.