Еве ги докажаните корисни својства на омилениот зачин:

Ориганото е билка која со векови се користи за да ги направи оброците поубави, затоа што им дава доза на зачинетост и топлина.

Се користи свежо или сушено, во мали количини, а има дури шест позитивни ефекти врз организмот.

Богат е со антиоксиданти, кои ги поправаат штетите направени од клетките на слободните радикали. На тој начин го штити организмот од воспалителни процеси.

Маслото од оригано му помага на организмот да се справи со бројни штетни бактерии.

Една студија спроведена во Америка покажа дека го запира формирањето на абнормални клетки и го забавува нивниот раст.

Покрај бактериите, нè штити од разни вируси, иако порталот Healthline наведува дека сè уште се потребни повеќе студии за дефинитивно да се утврди ефикасноста во борбата против херпес и норовируси.

Содржи супстанции кои помагаат во намалување на ризикот од срцеви и автоимуни заболувања.

Најдобро од сè? Ориганото е многу лесно да се додаде во секојдневната исхрана, затоа што е широко достапно и нема да ве чини многу, бидејќи доволна е и мала количина. Пробајте да го ставите на пица, во најразлични сосови, тестенини или салати.