Јаник Синер го освои завршниот Мастерс во Торино и на најдобра начин ја заокружи извинредната сезона. Уште од претходно беше познато дека Италијанецот сезоната ќе ја заврши на првото место.
Синер во финалето на завршниот Мастерс го победи Американецот Тејлор Фриц со 6:4, 6:4 за 85 минути игра. Италијанецот одлично севираше, го контролираше мечот, направи по еден брејк во двата сета што му беше доволно за победа.
Синер стана првиот тенисер по 38 години кој го освоил трофејот на последниот АТП турнир во годината без загубен сет. Претходно, тоа му успеа на Иван Лендл во 1986 година.
Италијанецот ја заврши 2024 година со осум титули, со 66 победи и само шест порази. Покрај титулата во Торино, тој славеше и на Ју-ес опен и Австралија опен, ги освои Мастерс турнирите во Шангај, Синсинати и Мајами, и турнирите од серијата 500 во Хале и Ротердам.
Вкупно во кариерата има 18 трофеи, а заработи нешто повеќе од 30 милиони долари.
Текстот Синер без загубен сет го освои завршниот Мастерс е превземен од МАКФАКС.